Манчестер Сити нема да ја изедначи понудата на Арсенал од 100+5 милиони фунти и ќе се повлече од трката за потписот на Деклан Рајс, ваква информација пренесоа неколку извори.
„Топчиите“ сега се во пол позиција за ангажман на фудбалерот од средниот ред но ќе треба да се испеглаат одредени детали и да се направат корекции.
Вест Хем испратил контрапредлог до Арсенал, односно бара трансфер сумата да биде исплатена до почетокот на 2025, додека пак во предлогот на „топчиите“ стои трансфер сумата да биде платена во период од пет години, што е многу долга временска рамка за „чеканите“.