четврток, 24 октомври 2024

Манчестер Сити прокоцка два гола предност и освои само бод против Кристал Палас (ВИДЕО)

Тимот на Пеп Гвардиола загуби два сигурни бода против Кристал Палас откако одигра 2-2 на свој терен и покрај тоа што водеше со 2-0.
 

Објавено на

часот

Сподели

Грилиш донесе предност уште во 24. минута, а по девет минути игра во вториот дел Луис зголеми на 2-0.

Во тие моменти никој не ни помислуваше дека може да се случи Сити да не го добие овој меч, но следуваше шокантен финиш за шампионот.

Најпрво во 76. минута Матета намали на 2-1, а во 95. минута Олисе од пенал го изедначи резултатот на 2-2.

Челси со голови на Палмер и Џексон во второто полувреме дојде до победа од 2-0 над Шефилд јунајтед.

Њукасл со убедливи 3-0 го совлада Фулам. Гостите останаа со фудбалер помалку уште во 22. минута кога црвен картон доби Раул Хименез.

Домаќините предноста ја искористија во вториот дел кога преку Милеј, Алмирон и Брн дојдоа до убедлив триумф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ