сабота, 27 јули 2024

Манчестер сити пред елиминација и од вториот куп

Објавено на

часот

Сподели

Пред само четири дена „граѓаните“ го завршија настапот во ФА-купот со поразот пред своите гледачи во дербито за Манчестер од Јунајтед со 2-3, а сега на истиот терен го забележаа вториот пораз во низа, и тоа од вториот најтрофеен англиски тим. Стивен Џерард, капитенот на црвените, со голот од пенал во 13 минута го постави конечниот резултат.

Ваквиот расплет на скапо составениот тим на Манчестер сити очигледно ја поставува како врвна цел шампионската титула во Премиерлигата, иако „граѓаните“ остануваат да играат и на уште еден фронт, и тоа во шеснаесеттинафиналето на Лигата на Европа.

Манчестер пропушти шанса за подобар резултат, најмалку реми, но во сето тоа го спречија и деконцентрираноста на напаѓачите на домаќините, на моменти и себичноста на Серхио Агуеро и Самир Насри, но и дисциплинираната одбрана на Ливерпул, како и голманот Пепе Реина, кој во клучни моменти реагираше правовремено и не дозволи да се затресе неговата мрежа.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ