Џеко беше пресуден со голот што го постигна во 22 минута на асистенција на шпанскиот репрезентативец Давид Силва, по што Манчестер сити се радуваше на 16 победа сезонава. Со неа, одново, „граѓаните“ се искачија на првото место со три бода предност пред градскиот ривал Манчестер јунајтед.
Победата на сити доаѓа правовремено откако овој тим со скаполпатени ѕвезди во изминатите десет дена загуби две дербија и тоа, прво од ФА-Купот од Манчестер јунајтед со што се збогува од одбраната на пехарот, а потоа и од Ливерпул во Карлинг-купот на домашен терен, со што се најде на чекор пред елиминација во полуфиналето.
Манчестер сити најави дека сезонава ќе се концентрира на освојување на шампионската титула.