петок, 18 октомври 2024

Манчестер Сити потпиша со Гвардиол, раце трие и Динамо Загреб

Објавено на

часот

Сподели

21-годишниот дефанзивец е второто засилување за Манчестер Сити во овој преоден рок и втор Хрват откако претходно потпиша Матео Ковачиќ.

„Манчестер Сити со задоволство може да го потврди потпишувањето со Јошко Гвардиола од РБ Лајпциг на петгодишен договор“, стои во соопштението на англискиот клуб.

Трансферот ќе го чини Манчестер Сити околу 90 милиони евра, а 20 проценти од профитот ќе добие Динамо Загреб.

Имајќи предвид дека Динамо на Лајпциг му го продаде за 18,8 милиони евра, за профит се смета сѐ што бундеслигашот ќе добие над таа сума, ако сумата е 90 милиони евра, профитот би бил 71,2 милиони евра, а 20 отсто од тоа се 14,25 милиони евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ