понеделник, 20 јануари 2025

Манчестер Сити потпиша со дефанзивец од 50 милиони евра

Абдукодир Хусанов стана првиот фудбалер од Узбекистан кој ќе игра во Премиерлигата, Манчестер Сити го купи од Ленс за сума која со бонуси може да достигне до 50 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

20-годишниот дефанзивец стави потпис на четири ипол годишен договор според кој на Етихад ќе остане до летото 2029 година.

„Со задоволство можеме да го соопштиме потпишувањето со Абдукодир Хусанов“, стои во соопштението на Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ