Минатото лето, Манчестер Сити ја доби битката со ривалите и го купи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Но веднаш почнаа да кружат гласини дека напаѓачот нема долго да се задржи на „Етихад“ и се пишуваше за клаузули со кои Норвежанецот може да замине, особено поволни за Реал Мадрид.
Неколку извори од „островото“ сега пренесуваат дека „граѓаните“ планираат да отворат преговори со Ерлинг Халанд за продолжување на соработката.
Актуелниот шампион на Англија и Европа знае каква е моќта на Реал Мадрид да ги привлече најдобрите, па не сака ништо да ризикува и покрај тоа што Ерлинг Халанд има уште четири години од актуелниот договор.
Се шпекулира дека на играчот ќе му понудат поголема плата, поголеми бонуси и нови клаузули со цел да се осигураат дека тој нема да пројави желба да замине од клубот во блиска иднина.