недела, 20 октомври 2024

Манчестер Сити на пенали ја победи Севиља и го освои европскиот Суперкуп (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Севиља поведе со гол на Ен Несири во 25. минута, Манчестер Сити долго време се мачеше за да дојде до израмнување.

Во вториот дел Севиља пропушти неколку големи шанси за да го зголеми водството, казната стигна во 63. минута кога по асистенција од Родри, Палмер погоди со глава за 1-1.

Тоа беше конечниот резултат, немаше продолженија, директно се изведуваа пенали.

Во првите четири серии сите фудбалери погодија, во петтата за Сити реализираше Вокер, а Гудељ од Севиља ја погоди пречката и почна радоста за англискиот тим кој првпат во историјата го освојува овој пехар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ