Во увертирата на новата сезона во Премиерлигата, Манчестер сити и Манчестер јунајтед се сретнаа на Вембли во Комјунити Шилд.
Се чинеше дека „ѓаволите“ ќе ја добијат и оваа пресметка со лутиот градски ривал, откако Гарначо ја затресе мрежата на Едерсон за 0-1 во 82. минута.
Сепак, во 89. минута, Бернардо Силва одлично се снајде, со глава го матираше Онана за 1-1 и го однесе натпреварот во пенали.
„Граѓаните“ беа поумешни од белата точка, победникот беше решен во осмата серија, кога Еванс биеше очајно над голот, а Аканџи го потврди славјето и трофејот во Комјунити шилд.