Манчестер Сити на гостувањето кај Лутон отпатува во кризна форма, имаше четири меча по ред без победа. Но работите се променија денеска.
Лутон поведе во судиското продолжение од првото полувреме кога Адебајо скокна највисоко и постигна гол со глава за водство од 1-0.
Во 62. минута Бернардо Силва изедначи на 1-1, а три минути подоцна Грилиш погоди за победа од 2-1.
Челси падна на 12. позиција на табелата откако загуби кај Евертон со 2-0. Докуре и Добин во второто полувреме беа стрелци на головите.
Изненадувачки убедлив беше Фулам кој со 5-0 славеше над Вест Хем. Сите пет гола ги постигнаа различни стрелци, погодија Хименез, Вилијан, Адарабијо, Вилсон и Карлос Винисиус.