Фавoритете според планот вечерва во Лигата на шампиони, Манчестер Сити со 0-4 славеше на гостувањето кај Слован Братислава.
Гундоган го отвори резултатот во 8. минута, а Фоден зголеми на 0-2 веќе во 15. минута. Халанд се запиша во листата на стрелци во 58. минута за 0-3, а Мекати ги постави конечните 0-4 во 74. минута.
Со оваа победа, „граѓаните“ изедначија голем рекорд на Манчестер јунајтед, и на 25 натпревари во низа немаат пораз (регуларни 90 минути) во Лигата на шампиони.
Барселона со 5-0 го совлада Јанг Бојс за први три бода во ЛШ оваа сезона. Левандовски го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел Рафиња и Мартинез се погрижија на семафорот да стои 3-0.
Левандовски на стартот од вториот дел го постигна својот втор гол вечерва, а гостите сами се докрајчија во финишот од мечот, Камара си постигна автогол за 5-0.
Највисоката победа денеска ја забележа Борусија Дортмунд и славеше со 7-1 над Селтик.
Џан го отвори резултатот во 7. минута, но гостите брзо одговорија и преку Маеда изедначија на 1-1 во 9. минута. Сепак, на сцена потоа стапи Адејеми, кој постигна хет-трик за половина час, еднаш погоди и Гираси па на пауза се замина со резултат 5-1.
Во продолжението од мечот, Гираси погоди уште еднаш за 6-1, а конечните 7-1 ги постави Нмеча во 79. минута.