Ријад Марез доби богата понуда од Саудиска Арабија и можност да заработува пет пати повеќе, Ал Ахли на маса стави годишна плата од околу 43 милиони фунти плус бонуси.
Алжирецот не успеа да одолее на примамливиот предлог и побара да замине од Манчестер Сити, но „граѓаните“ ја одбија првата понуда вредна 18 милиони фунти, плус дадатни 5 милиони фунти во бонуси и одредија цена од 30 милиони фунти.
За очекување е двата клуба да најдат компромис во следниот период, па шампионот на Англија веќе разгледува опции за замена на Ријад Марез.
Една алтернатива е Рафиња од Барселона и спортскиот директор Чики Бегиристан веќе остварил контакт со својот колега Деко. Се верува дека „каталонците“ се подготвени да го продадат Бразилецот доколку добијат примамлива понуда.