петок, 18 октомври 2024

Манчестер Сити го победи Брајтон, Њукасл убедлив против Кристал Палас (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 2-1 го доби дербито со Брајтон, Њукасл со 4-0 го совлада Кристал Палас, Нотингем форест направи од готово – вересија против Лутон, мечот заврши 2-2.
 

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Пеп Гвардиола поведе уште во седмата минута со гол на Алварез, а само 12 минути подоцна Халанд зголеми на 2-0.

Се чинеше дека граѓаните лесно ќе дојдат до победата, но Ансу Фати даде гол во 73. минута за 2-1 и возбудлив финиш на натпреварот.

Во судиското продолжение Акањи доби втор жолт картон, уште толку се зголеми притисокот на Брајтон, но Манчестер Сити успеа да се одбрани и да ги освои трите бода.

Њукасл беше најубедлив денеска, со голови на Марфи, Гордон, Лонгстаф и Вилсон дојде до победа од 4-0 над Кристал Палас.

Сандро Тонали мечот го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 69. минута. За него ова се чини дека беше последниот натпревар пред големата суспензија поради обложување.

Нотингем форест со два гола на Вуд имаше водство од 2-0 над Лутон до 83. минута, се чинеше дека лесно ќе ја заклучат победата, но не дојдоа до неа.

Две грешки во одбраната ги чинеа два гола, првиот го даде Огбене, а потоа погоди и Адебајо во 92. минута за конечни 2-2.

Брентфорд со 3-0 го победи Барнли, Вулвс славеше гостински триумф кај Борнмут од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ