Мечот имаше луд почеток, уште во 13. секунда од натпреварот Гундоган постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0. Тоа беше најбрзиот гол во историјата на финалињата од ФА Купот.
Во 33. минута Бруно Фернандеш од пенал го изедначи резултатот на 1-1.
Јунајтед преку Варан имаше голема шанса да го сврти мечот пред крајот на првото полувреме, но не успеа.
По шест минути игра Гундоган постигна уште еден гол, овојпат за 2-1 што беше и конечен резултат.
Манчестер Сити ја завери двојната круна, а доколку го победи Интер во финалето од Лигата на шампионите ќе дојде и до тројна.