„Граѓаните“ ќе потрошат за нив рекордна сума во зимскиот преоден рок, актуелниот шампион на Англија успешно завршил уште едни преговори, и отворил нови.
Новинарот Фабрис Хокинс објави дека Манчестер Сити и Ајнтрахт Франкфурт начелно го договориле трансферот на Омар Мармуш и сега се пеглаат последните детали.
Се верува дека трансферот на Египјанецот ќе биде вреден помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Но „граѓаните“ нема да застанат тука и ќе продолжат со јануарскиот шопинг, ново име на листата со желби е Андреа Камбијасо од Јувентус.
Голем број на извори пренесуваат дека актуелниот шампион на Англија е подготвен да плати 60-65 милиони евра за услугите на офанзивниот бек, кој добро се снаоѓа и по левата и по десната страна во дефанзивата.
Од претходно се договорени Абдукодир Хусанов од Ленс за 50 милиони евра, како и Витор Реис од Палмеирас за 40 милиони евра.