Матео Ковачиќ треба да биде првото засилување за Пеп Гвардиола за сезоната 2023/24, се верува дека Манчестер Сити уште пред десетина дена има постигнато согласност со Хрватот за висината на платата и со Челси ги пегла деталите за трансфер.
Како што пренесува ЕСПН, двата клуба сега си подале рака за зделка од 40 милиони евра и Матео Ковачиќ ќе се пресели на „Етихад“.
„Граѓаните“ исто така прават напори да го ангажираат неговиот сонародник Јошко Гвардиол, прегворите со фудбалерот течат добро и двете страни се на добар пат да постигнат согласност за платата.
Сепак, РБ Лајпциг нема намера лесно да се откаже од дефанзивецот и ќе го продадат само доколку добијат огромна понуда, во спротивно ќе го задржат уште една сезона.
Се шпекулира дека „биковите“ бараат ајмалку 100 милиони евра, рекордна сума за еден дефанзивец.