Манчестер Сити се издвојува како фаворит за потписот на Клаудио Ечевери, шампионот на Англија договорил нова средба со Ривер Плата на која ќе се разговара за структурата на трансферот.
17 годишното момче важи за еден од најголемите таленти во Аргентина и се најавува како „новиот Меси“.
Челси исто така пројавува сериозен интерес, како и Барселона, но „каталонците“ полека стануваат аутсајдер во битката поради проблемите со ФФП.
Се верува дека Манчестер Сити и Ривер ќе си подадат рака за зделка околу 20 милиони евра, плус Клаудио Ечевери ќе остане на позајмица во редовите на „милионерите“. Една опција е да се пресели на „островото“ во јули 2024, додека пак другата е да пристигне на „Етихад“ на 1. јануари 2025 година.