сабота, 27 јули 2024

Манчестер – Лондон 2-0

Објавено на

часот

Сподели

Велбек и Руни се радуваат на победничкиот гол

Манчестер јунајтед со 2-1 победи на „Емирати“ против Арсенал и се врати на минус три бода во однос на Сити, кој претходно со 3-2 дома победи против Тотнем. Дени Велбек, девет минути пред крајот на средбата  му ја обезбеди големата победа на Јунајтед попладнево во Лондон, откако погоди по соло-акцијата на играчот на мечот Антонио Валенсија.

Валенсија беше стрелец за водство на самиот крај од првото полувреме, а потоа во клучен момент му асистираше на Велбек, откако Арсенал, кој беше фуриозен во целото второ полувреме успеа да изедначи. Робин Ван Перси израмни кон средината на тој дел, но успеа и да промаши невозможна ситуација на самиот старт од вторите 45 минути., а потоа не се најде во шанса за да се избори за реми на крајот на мечот.

Ако погодеше порано, динамичниот меч уште повеќе ќе добиеше на темпо. Но тоа што ги одбележа и двата манчестерско-лондонски пресметки е фантастичниот и неверојатен фудбал што го прикажаа кипите, потврдувајќи дека Премиерлигата е убедливо најатрактивното фудбалско првенство во моментов.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ