сабота, 27 јули 2024

Манчестер јунајтед со реми се враќа од гостувањето кај Борнмут (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра 2-2 на гостувањето кај Борнмут, домаќините двапати водеа, Бруно Фернандеш изедначуваше, тимот на Тен Хаг може да биде задоволен од резултатот.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Соланке со гол во 16. минута, 15 минути подоцна Бруно Фернандеш изедначи на 1-1.

Не помина долго, само пет минути потоа Џастин Клајверт реализира за ново водство на Борнмут кој со предност од 2-1 замина на одморот.

Во 65. минута поради игра со рака беше досуден пенал за Манчестер јунајтед, Фернандеш беше прецизен од белата точка за 2-2.

Длабоко во судиското продолжение беше свирнат пенал за Борнмут, но со ВАР одлуката беше променета, фаулот беше надвор од шеснаесетникот. Резултатот остана 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ