петок, 21 јуни 2024

Манчестер јунајтед се приклучува во трката за Рафаел Леао, Милан бара најмалку 100 милиони

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период често имаше гласини дека ПСЖ сака да го ангажира Рафаел Леaо, „светците“ се подготвени да платат 70 милиони евра за услугите на Португалецот.

Последните информации велат дека во трката се приклучува и Манчестер јунајтед, но Милан нема лесно да се откаже од офанзивниот фудбалер.

Како што пренесува Газета дело Спорт, „росонерите“ ќе бараат најмалку 100 милиони евра за продажба на Рафаел Леао.

Милан исто така се надева дека Португалецот ќе стави потпис на нов договор, па така полесно ќе можат да одолеат на интересот од гигантите ширум Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ