Изминатиов период често имаше гласини дека ПСЖ сака да го ангажира Рафаел Леaо, „светците“ се подготвени да платат 70 милиони евра за услугите на Португалецот.
Последните информации велат дека во трката се приклучува и Манчестер јунајтед, но Милан нема лесно да се откаже од офанзивниот фудбалер.
Како што пренесува Газета дело Спорт, „росонерите“ ќе бараат најмалку 100 милиони евра за продажба на Рафаел Леао.
Милан исто така се надева дека Португалецот ќе стави потпис на нов договор, па така полесно ќе можат да одолеат на интересот од гигантите ширум Европа.