Дони ван де Бек не успеа да се наметне ниту кај Ерик тен Хаг, па очекувано беше да го напушти Олд Трафорд уште во јануари.
Неколку извори попладнево објавија дека начелно е постигнат договор за позајмица на Холанѓанецот во Ајнтрахт Франкфурт.
Популарните „орли“ исто така ќе имаат и опција за перманентен трансфер вреден околу 15 милиони евра.
Доколку се реализира оваа зделка, Манчестер јунајтед ќе врати само третина од сумата потрошена (45 милиони евра) за ангажман на Дони ван де Бек.