сабота, 27 јули 2024
Тешка ќе биде мисијата за негова продажба

Манчестер јунајтед сака да се ослободи од Мегваер, а тој доби покачување на платата

Објавено на

часот

Сподели

Мегваер минатата сезона го загуби местото во стартниот тим на Манчестер јунајтед, Тен Хаг не го планира за следната сезона, но проблем е големата плата која ја добива дефанзивецот.

Тој има огромен договор, примања кои никој друг клуб сега не би му ги понудил, па нема причина да си замине.

Дополнителен проблем станува фактот дека платата на Мегваер во следната сезона ќе биде уште поголема. Во договорот тој има клаузула за бонуси доколку тимот се пласира во Лигата на шампионите, тоа се случи.

Овој податок уште толку ќе ја отежни продажбата на Мегваер.

Се шпекулира дека Манчестер јунајтед разгледува опции за едногодишна позајмица со тоа што и тие ќе плаќаат дел од неговата плата. Тоа не е идеално решение, но колку толку ќе допринесе за некоја заштеда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ