сабота, 27 јули 2024
ФА Куп

Манчестер јунајтед рутински против Виган за пласман во 4. коло во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед триумфираше на гостувањето кај Виган со 0-2 и обезбеди пласман во 4. коло во ФА Купот.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ победнички тргнаа во новага година, избраниците не Тен Хаг вечерва славеа со 0-2 на гостувањето кај Виган во ФА Купот.

Манчестер јунајтед важеше за огромен фаворит и го покажа тоа на теренот, го имаше поседот на топката, шутна дури 33 пати кон противничкиот гол и лесно можеше да слави многу поубедливо.

Резултатот беше отворен во 22. минута кога Далот убаво пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-1.

Натпреварот беше решен во 74. минута, Бруно Фернандеш од белата точка реализираше за 0-2 и пласман во 4. коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ