недела, 20 октомври 2024

Манчестер јунајтед потврди, Андре Онана е нивниот нов голман

Објавено на

часот

Сподели

По една година помината во Интер, Андре Онана се пресели во Манчестер јунајтед, го прифати предизвикот да брани во Премиерлигата.

„Андре Онана му се приклучи на Манчестер јунајтед со договор до јуни 2028 година и опција за уште една“, стои во соопштението на англискиот клуб.

Андре Онана вели дека му е голема чест што ќе брани за Јунајтед.

„Да дојдам во Манчестер јунајтед е неверојатна чест, работев напорно цел мој живот за овој момент, надминав многу пречки на патот. Излегувањето на Олд Трафорд за да го бранам нашиот гол и да дадам допринос за тимот ќе биде уште едно неверојатно искуство. Ова е старт на ново поглавје за мене, со нови соиграчи и нови амбиции за борба“, вели Онана.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ