недела, 20 октомври 2024

Манчестер јунајтед подобар од Арсенал на пријателски меч во САД (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал излезе со посилен состав од Манчестер јунајтед, но на теренот не изгледаше така. Во 30. минута Бруно Фернандеш погоди со шут од далечина, лоша интервенција на Рамсдејл, топката заврши во неговата мрежа за водство на Јунајтед од 1-0.

Седум минути подоцна Санчо со силен шут од десната страна под пречката на Рамсдејл зголеми на 2-0. Тоа беше и конечниот резултат.

За на американската публика да ѝ биде позабавно, се шутираа и пенали. Манчестер јунајтед ги реализираше сите пет, погодија Касемиро, Далот, Линделоф, Рашфорд и Ериксен.

За Арсенал промаши Фабио Виеира, а погодија Одегард, Тросар и Жоржињо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ