сабота, 19 октомври 2024
Земи или остави

Манчестер јунајтед подготвува трета понуда за Маунт и се заканува дека ќе се повлече од зделката

Објавено на

часот

Сподели

По два неуспешни обиди за ангажман на Мејсон Маунт, Манчестер јунајтед и по трет пат ќе тропне на вратата на Челси. Сепак, ова може да биде последен обид, „ѓаволите“ се закануваат дека ќе се повлечат од зделката доколку не се најде компромис.

Се верува дека Челси бара околу 60-65 милиони фунти за продажба на Мејсон Маунт, но Манчестер јунајтед има лимит над кој нема да одат.

Раководството на клубот, како и тренерот Ерик тен Хаг, имаат високо мислење за Мејсон Маунт, но веруваат дека 55 милиони фунти е фер цена за фудбалер кој има само уште една година од договорт.

Па и третета понуда ќе биде во оваа граница, и на потег ќе биде Челси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ