петок, 18 октомври 2024
Со договор на три месеци

Манчестер јунајтед подготвува сензационален трансфер, ќе го враќа Давид де Хеа?!

Медиумите од „островото“ шпекулираат со сензационално враќање на Давид де Хеа на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед сака да го ангажира Шпанецот на три месеци за да го покрие отсуството на Андре Онана на почетокот од следната година.

Објавено на

часот

Сподели

Давид де Хеа е без клуб откако изминатово лето беше изигран од Манчестер јунајтед, голманот прифати драстично намалување на платата за да стави потпис на нов договор, но „ѓаволите“ во последен момент се повлекоа од преговорите и решија да инвестираат 55+ милиони евра за ангажман на Андре Онана од Интер.

Но како што пренесува Сан, на Олд Трафорд сега размислуваат за сензационално враќање на Давид де Хеа.

Во Манчестер јунајтед се загрижени дека голманската позиција нема да биде соодветно покриена во јануари и февруари бидејќи Андре Онана ќе замине на должност со репрезентацијата на Камерун и Африканскиот куп на нации.

Па се разгледува опцијата да му се понуди краткорочен договор на Давид де Хеа, кој би го носел дресот на „ѓаволите“ три месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ