„Ѓаволите“ го купија Антони Марсијал од Монако во 2015 година, зделката беше 50+30 милиони евра (од бонусите подоцна беа активирани 20 милиони евра), и во тоа време Французинот стана насјакп трансфер кога е во прашање тинејџер.
Но напаѓачот никогаш не ги оправда очекувањата, и се чини дека ќе има разочарувачки крај на кариерата на Олд Трафорд.
Неколку извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед решил да не ја активира клаузулата со која може да се продолжи договорот на Антони Марсијал за додатни 12 месеци.
Па Французинот би можел беспари да замине по крајот на сезоната, кога му истекува актуелниот договор. Втората опција е да биде проаден во јануари и да донесе определена сума во касата на „ѓаволите“.