Низ медиумите се појавија информации дека Манчестер јунајтед почнува да ја разгледува можноста да му врачи отказ на Ерик тен Хаг, но тоа не е точно.
Манчестер јунајтед негира дека е во контакт со други тренери како потенцијална замена за Тен Хаг.
Според извори од клубот, информациите кои се пласирани во медиумите се лажни, Тен Хаг останува тренер на тимот и има комплетна поддршка од клубот.
Се верува дека една од главните причини што Холанѓанецот не добива отказ е и фактот што клубот ќе треба да му исплати обесштетување од 15 милиони фунти во случај да го избрка од работа.