сабота, 27 јули 2024

Манчестер јунајтед му се заблагодари на Рангник, нема да биде ниту консултант

Објавено на

часот

Сподели

Иако требаше да остане во улога на консултант во Манчестер јунајтед, сепак тоа нема да се случи, Ралф Рангник комплетно го напушти клубот.
 
Манчестер јунајтед преку официјално соопштение го потврди неговото заминување.
 
„Сакаме да му заблагодариме на Ралф Рангник за неговите напори како привремен тренер во изминатите шест месеци. Тој сега комплетно ќе се фокусира на неговата работа во националниот тим на Австрија и нема да има улога на консултант на Олд Трафорд. Му посакуваме многу среќа во следното поглавје од неговата кариера“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ