четврток, 30 мај 2024

Манчестер јунајтед ќе го отпушти Тен Хаг, не го спасува ни трофеј во ФА Купот

Манчестер јунајтед ќе му врачи отказ на Ерик Тен Хаг по крајот на сезоната, одлуката е веќе донесена, раководството е во потрага по нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Дел од англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед од следната сезона ќе има нов тренер, Тен Хаг е веќе минута.

Чашата била прелеана на полуфиналето од ФА Купот кога Манчестер јунајтед доживеа бламажа која за нивна среќа не помина со елиминација. Водеа со 3-0 над второлигашот Ковентри и го победија дури по изведување на пенали, а малку фалеше да бидат елиминирани и во продолженијата.

На трибините мечот во живо го следеа сопствениците Аврам Глејзер и Сер Џим Ратклиф и незадоволни од виденото го напуштија стадионот.

Се верува дека Манчестер јунајтед и да го победи Манчестер Сити во финалето од ФА Купот, отказот на Тен Хаг не му бега.

Веќе бил контактиран Томас Тухел, тој се посочува како можен нов тренер на Јунајтед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ