сабота, 27 јули 2024
Луд натпревар на „Стемфорд Бриџ“

Манчестер јунајтед како аматерски тим, прими два гола во 100. и 101 минута и изгуби од Челси (ВИДЕО)

Челси и Манчестер јунајтед одиграа натпревар за кој долго ќе се зборува, домаќините беа на прагот на пораз, но со два гола во 100. и 101. минута стигнаа до трите бода и победија со 4-3.

Објавено на

часот

Сподели

Луд натпревар на „Стемфорд Бриџ“, Челси по дваесетина минути игра имаше предност од 2-0 со головите на Галагер и Палмер, но до крајот на првиот дел, Манчестер јунајтед стигна до 2-2 преку погодоците на Гарначо и Фернандеш.

„Ѓаволите“ потоа направија целосен пресврт, и со новиот гол на Гарначо, поведоа со 2-3 во 67. минута од мечот.

И кога се чинеше дека Манчестер јунајтед ќе замине од Лондон со три бода, се случи вистинска драма во судиското надополнување.

Далот стартуваше неспретно, го собори Мадуеке во шеснаесетникот, па Палмер од белата точка изедначи на 3-3 во 100. минута.

Веќе во следниот напад Челси можеше одново да поведе, но избраниците на Тен Хаг се спасија во последен миг, Маунт со лизгачки старт пресече едно додавање. Сепак, само неколку секунди подоцна, „ѓаволите“ реагираа како аматерски тим, заборавија на Палмер, кој доби топка од корнер, се намести, биеше и со помош на Мектоминеј ја затресе мрежата за огромно славје, и победа од 4-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ