Адидас ќе ги изработува дресовите на Манчестер јунајтед до 2035 година, попладнево пристигна информација за нова десетгодишна соработка помеѓу „ѓаволите“ и германскиот производител на спортска опрема.
Како што пишуваат медиумите од „островото“, ова е најголемиот спонзорски договор во историјата на Премиерлигата кога се во прашање дресовите.
Новата соработка е тешка 900 милиони фунти, или 90 милиони фунти по сезона, што е значајно зголемување во однос на претходниот договор на Манчестер јунајтед со Адидас.