сабота, 27 јули 2024
Паднал договор

Манчестер јунајтед ја најде формулата за трансфер на Онана, Баерн му испрати порака на Интер

Објавено на

часот

Сподели

По долги преговори, Манчестер јунајтед и Интер го договорија трансферот на Андре Онана, како што пренесува Атлетик, двата клуба си подале рака.

„Ѓаволите“ изминатиов викенд ги договориле личните услови на голманот и соработка до 2028 година, плус опција за додатни 12 месеци. Откако паднал овој дил, клубот од Олд Трафорд доцна синоќа ги испеглал деталите со Интер за зделка од 55 милион евра, односно фиксен дел од 51 милион евра, плус додатни 4 милиони евра во бонуси.

Интер сега ќе го донесе Јан Зомер како замена за Андре Онана и веќе се има договорено со репрезентативецот на Швајцарија.

Баерн Минхен инсистира да биде платена сумата од 6 милиони евра, додека пак „нероаѕурите“ се обидуваат да издејствуваат одреден попуст. Сепак, доколку до крајот на неделата не биде постигнат компромис, Интер ќе ја активира откупната клаузула.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ