сабота, 19 октомври 2024

Манчестер јунајтед договори ново засилување, пристигнува фудбалер од ПСЖ за 60 милиони

Манчестер јунајтед и ПСЖ по долги преговори си подале рака за трансфер на Мануел Угарте во зделка вредна 50 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ ова лето го идентификуваа Мануел Угарте како засилување за средниот ред, но во прв момент одбија да ја платата цената од 60 милиони евра која ја постави ПСЖ.

Откако преговорите се влечеа со недели и се размислуваше за неколку формули, утрово пристигна информација дека двата клуба си подале рака за трансфер.

Манчестер јунајтед на крајот реши да плати 60 милиони евра, односно 50 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси, па Уругваецот наскоро ќе пристигне во Англија на лекарски прегледи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ