Веспрем кај Алборг отпатува со предност од седум голови, а во голем дел од мечот таа ја одржуваше со водство. На полувремето имаа предност од 21-20.
Алборг се разбуди во завршницата, дојде до водство од 34-31, но Веспрем не дозволи изненадување. Загуби со 37-35, а тоа беше пораз кој им донесе радост.
Дејан Манасков не постигна гол на овој меч, најдобри во неговиот тим беа Лауге и Мае со по шест гола.