сабота, 19 октомври 2024

Манасков: Чешка не може да ја добијат поединци, целиот тим мора да дише како еден

Објавено на

часот

Сподели

„Само со добра и организирана колективна игра може да се надеваме на позитивен резултат. Поединци не можат да го добијат овој меч, мора целиот тим да дише како еден. Чешка е добра селекција, таму не е само Филип Јиха, иако многу работи зависат од него – тој ги почнува сите контри и полуконтри и е немилосрден кога ќе добие и најмалку простор за влез. Во одбрана очекувам Чешка повторно да игра формација 5-1 како со Германија, кога на тој начин го запреа Паскал Хенс. Мислам дека исто ќе играат на Лазаров вечерва, што може да биде шанса за Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски да ги разбијат со паметни додавања на Стојанче Стоилов на пикерската позиција. Во секој случај, очекувам меч со многу голови и ефикасна игра“, дополнува Манасков, кој тука има и дополнителни емотивни причини да навива – неговиот син Дејан Манасков имаше солидно деби за националниот тим на позицијата лево крило на дуелот со Германија.

Очекува меч со многу голови: Пепи Манасков

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ