сабота, 27 јули 2024
Претседавачот со ОБСЕ најави

Малта прифати да биде следниот претседавач со ОБСЕ, одлуката ќе се донесе во Скопје, изјави Османи

Објавено на

часот

Сподели

„Одлични вести од Виена! Денес на подготвителниот состанок и Постојаниот совет, амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе бидат потврдени на 30-от Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката“, објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.

Решението за Малта е постигнато, по неколку неуспешни обиди да се постигне консензус за кандидатурата на Естонија да претседава со организацијата во 2024.

Македонија го презеде претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација од Полска на 1 јануари 2023 година. Едногодишното претседавње со ОБСЕ за 2025 година ќе биде во рацете на Финска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ