сабота, 27 јули 2024

Малолетник загина од удар на гром

Малолетник од гевгелиското село Негорци попладнево загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Според неа, денеска во 15:30 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија било пријавено дека во атарот на село Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото кај малолетник наверојатно од удар од гром, кој во тој момент напасувал добиток.

Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ