сабота, 27 јули 2024

Maлолетник во автомобил превезувал осум мигранти

Синоќа полицијата приведе малолетник кој во автомобил превезувал осум мигранти од Сирија, а пред неговото возило како „извидница“ возеле маж и жена кои исто така се приведени.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 20 часот на автопатот А1, Неготино – Градско, во близина на клучка Неготино, полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки во одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода малолетник од селото Студеничани, скопско. При контрола во патничко возило фиат стило со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

Во 20.05 часот на автопат А1, во близина на локалитет Стоби, друг тим на мобилната единица ги лишиле од слобода Е.Д.(30) и 46-годишната Е.Ш. од Скопје. Тие се сомничат дека со патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Д., биле претходница на возилото фиат стило во кое се превезувале мигранти.

Лицата бил приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатнo-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението на МВР.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ