петок, 26 јули 2024

Малолетник тешко повреден во судир на две возила на патот Охрид-Ресен

Вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосница со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило сеат леон со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 31 годишниот Ј.К. од село Бегниште, кавадаречко и патничко возило опел корса со ресенски регистарски ознаки, управувано од 44 годишниот Н.С. од Ресен.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото опел корса, а Н.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ