Возачот, по несреќата, го напуштил местото на настанот, а малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Битола.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на возачот и околностите под кои се случила несреќата.