Инцидентот се случил околу 4 часот рано утрото, а според полицијата малолетникот бил сам во куќата.
„Според нашите сознанија, тој се ранил со пиштол во десното колено. Бил сам во домот, а родителите привремено се во странство“, изјавија од МВР.
Полицијата работи на расветлување на случајот.