сабота, 27 јули 2024

Малолетник сликал туѓи картички па после пазарел за свои потреби

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, за ова попладнево информираа од СВР Велес.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Велес соопштија дека кавадаречката полиција Основното обвинителство во Кавадарци поднела писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.

На 23 јануари 2024 година во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26 јануари на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари“, појаснија од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ