среда, 5 март 2025

Малолетник повреден од паднато дрво во Карпош, општината бара одговорност

Малолетник е повреден во парк меѓу улиците Никола Русински и Карпошево Востание, откако врз него паднало дотраено дрво. Според првичните информации, детето претрпело повреди и веднаш било пренесено во Ургентниот центар.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Карпош велат дека инцидентот се случил на само неколку метри од пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“, кое, според Законот за локална самоуправа, било должно да го отстрани ова дрво.

„Иронијата е што ова дрво било обележано за сечење подолг временски период, но, како и во многу други случаи, јавното претпријатие и Градот Скопје останаа глуви на нашите барања“, реагираат од Општината.

Оттаму бараат Министерството за внатрешни работи да го документира случајот, да се утврди одговорноста и да следуваат соодветни правни последици.

„Општина Карпош предупредува дека вакви немили настани може да се случат и во градинките, бидејќи Владата не одобрува нови вработувања за негувателки, воспитувачки и технички персонал, иако многу од нив веќе заминаа во пензија“, се вели во реакцијата на општината.

Општина Карпош повторно апелира до државните институции да не си играат со здравјето на децата, нагласувајќи дека нивната безбедност нема цена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ