сабота, 27 јули 2024

Малолетници силувале врсничка, мајката пријавила дека ја злоставувале подолг период

Четири малолетници од Демир Капија силувале врсничка, а мајката на девојчето пријавила во полиција, информираа од СВР Велес. 

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму појаснија дека синоќа во 23.30 часот во полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив. 

„Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додадоа од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ