сабота, 27 јули 2024

Малолетници тешко повредени откако со возило излетале од патот

Двајца малолетници денеска се тешко повредени откако излетале со возилото околу 14 часот на локалниот пат Стримница-Челопек.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило смарт со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловозот. Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За два дена ова е втора сообраќајна незгода во која малолетници управувале возило и се повредени поради излетување. Во неделата околу 17:30 часот кај месноста Орман кај Доброште, малолетник беше повреден управувајќи четирицикл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ