понеделник, 10 март 2025

Малку затопли и веднаш се зголеми бројот на противпожарни интервенции

Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ, односно зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сѐ уште активни: село Крушевица и во атарот на село Лопатица (Општина Прилеп), кај селата Растојца и Кочиште (Општина Демир Хисар), на планината Огражден над селото Сушица, кај месноста Чардак (Општина Ново Село), село Кованец (Општина Гевгелија), село Сошани – Дебарца (Општина Охрид), во атарот на селото Теово, помеѓу Бегова чешма и Плевење (Општина Чашка), над селото Грушино (Општина Сарај/Желино) и над селото Вешала на Шар Планина (Општина Тетово), соопшти Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. „Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра да пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ