сабота, 27 јули 2024

Малку фалеше за голем пресврт, пораз на Пелистер и од Кјелце

Шести натпревар за Пелистер во Лигата на шампионите и шести пораз, овојпат битолскиот клуб загуби на домашен терен од Кјелце со 24-21.
 

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер одигра одлично второ полувреме кое го доби со 13-10, но недостатокот од првиот дел беше толку голем што беше невозможно да се стигне.

Ова беше прв натпревар за Пелистер под водство на привремениот тренер Бранко Ангеловски по отказите за Шундовски и Јовиќ.

Во првиот дел Кјелце водеше и со 11-3, на полувремето се замина со водство на полскиот тим од 14-8. Во вториот дел Пелистер не само што фати приклучок, туку дојде и на минус еден, се играше гол за гол во финишот, но на крајот гостите беа поснаодливи и дојдоа до триумф од 24-21.

Радивојевиќ со пет гола беше најефикасен кај Пелистер, Пешевски постигна четири, кај Пелистер Олејничак даде пет гола, Морито четири, Карачиќ реализираше двапати.

Следен натпревар на Пелистер е на 16. ноември на гостински терен кај Пик Сегед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ